АД ЕЛЕМ на јавна аукција купи 29,7 гигават часови електрична енергија

Од:

АД ЕЛЕМ купи 29,7 гигават часа електрична енергија по средна цена од 62,8 евра за мегават час во вкупна вредност од 1.865.154 евра на денешната јавна аукција за набавка на дополнителни количини електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи) за ноември.

Од пријавените шест фирми, велат од ЕЛЕМ, најповолна цена понудија фирмите ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје и ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје.

– Набавката беше поделена на два лота, базна електрична енергија и врвна електрична енергија. За првиот лот, базна енергија, понуди дадоа сите пријавени учесници. По 57 поддавања почетната цена од 62,88 евра за мегават час се намали на 57,95 евра по мегават час, по која беа купени 12 мегавати од понудувачот ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје и осум мегавати по цена од 58,05 евра за мегават час од понудувачот ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, односно за првиот лот постигната е просечна цена од 57,99 евра замегават час, прецизираат од АД ЕЛЕМ и додаваат дека цената за базна електричната енергија за ноември на берзата HUPX во Унгарија е 58,86 евра за мегават час.

За вториот лот, врвна електрична енергија, посочуваат, понуди дадоа двајца учесници.

– По 48 поддавања почетната цена од 72,11 евра за мегават час е намалена на 67,31 евра за мегават час, по која беа купени 25 мегавати од понудувачот ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје и пет мегавати по цена од 67,41 евра за мегават час од понудувачот ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје, односно просечна постигната цена за овој лот е 67,31 евра замегават час. За споредба, цената за врвна електричната енергија за ноември на берзата HUPX во Унгарија е 73,93 евра за мегават час. нагласуваат од ЕЛЕМ.

На денешната јавна аукција за набавка на електрична енергија учествуваа ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје, ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје, МВМ Партнер ДООЕЛ Скопје, ЕВН Трејдинг ДООЕЛ Скопје и ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата