7 часа се потрошија во читање, од 1225 амандмани на буџетот, власта би прифатила 33

Од:

Точно седум часа се потрошија во Комисијата за финансирање и буџет во читање на она што  би прифатила Владата од предлозите на опозицијата.

И епилогот е , доколку опозицијата се откаже од дискусиите во  Комисијата за финансирање и буџет и во Законодавно-правната комисија, од 1225-те амандмани на опозицијата, Ставревски би прифатил  44 амандмани, или нивната вредност е 3, 1 милион евра

Весна Бендевска констатираше со жалење дека  седум часа траело  она што значи информирање, и  наместо вистинска дебата, Владата направила  обид Собранието да го направи информативен клуб.

Власта не го изгласа прдлогот да се одвојат средства за набавка на 20 автобуси за во Битола.

Не поминаа ниту амандманите да се скратат средства од владиното рекламирање а да се пренасочат средства за превоз на ученици или за реновирање на мостови.

Владанка Авировиќ процедурално, укажа дека  понудиле  повеќе конструктивни методи за деблокирање на Собранието. За жал, рече,  се уште нема договор. На координацијата, рече, дека поради сомнежи за злоупотреба во изборни цели, Владата била подготвена кредитот од 250 милиони евра  да се стави  на посебна сметка . Ова , рече покажува неподготвеност  на опозицијата за договор, за што  трпат граѓаните.

Горан Мисовски, претседавачот со седницата одговори дека во Комисијата нема блокада.

„Не ве видов на координација за да знаете што било на координација. Не е точно  тоа што го кажувате, вие не сте координаторм ниту повикана,  и не бевте таму“, рече Мисовски.

„Има изјави за тоа што се случувало и ние сме информирани.Ставревски објави на вестите што било“, рече Авировиќ“.

Опозоцијата инсистира да се прифати нивниот план за штедење, со кој во буџетот ќе има пари и за плати и за социјалци и за субвенции, но ќе се заштедат 204 милиони евра од, како што велат, луксузирањето на власта.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети

Пратениците конечно се враќаат на работа