2016 во авиоиндустријата: профити, надградба на аеродроми и најдолгиот лет на светот

Од:

Си-Ен-Ен – Атланта

Авиокомпании

Цените на горивата: Продолжуваат рекордните профити?

Повеќето авиокомпании веќе си имаат среќна нова година додека трупаат огромни профити благодарените на ултраниската цена на горивата.

Во САД, од јуни до септември минатат година, домашните авиопревозници пријавија профит од 9,3 милијарди долари, стои во американските владини статистики.

И да, тоа после даноци.

– Глобално, профитите се „без преседан“, вели Крис Слоан, основач и претседател на airwaysnews.com

Но и покрај тоа, нештата не се совршени.

– Бројот на поминати милји кои авиокомпаниите ги продаваат по седиште всушност паѓаат – посебно на дестинации во Азија и Јужна Америка, рече Слоан.

Дали авиокомпаниите ќе се откажат од дел од овие профити во корист на конзументите за спуштање на цените?

Нема шанси.

Консултантот за авијација Шукор Јусуф од Ендау аналитикс со седиште во Малезија, вели дека нема најава „дека авиокомапниите да ги намалат цените заради ниската ценат ан нафтата затоа што добро им оди а има и добра побарувачка“.

-Сепак, ниските трошоци за нафта им дава право на компаниите како Америкен и Делта директно да им конкурираат на ултраевтините превозници како Спирит, вели Слоан, „што резултира со притисок за намалување на цените на авиобилетите“.

Просечната цена на повратен билет (без дополнителни давачки и такси), според Асоцијацијата за меѓународен авиотранспорт, се проценува дека во 2016 ќе изнесува 375 долари.

Тоа е за 61 проценти пониско отколку во 1995, прилагодено на инфлацијата.

Седишта: повеќе простор за нозете

Се повеќе американски домашни превозници внесуваат повеќе седишта со повеќе простор за нозете.

Но ќе треба да платите за тоа.

Аљаска ерлајнс планира да додаде повеќе седишта со дополнителен простор за нозете во специјални оддели наречени „премиум економска класа“ на своите меѓународни летови.

Програма за поминати милји: Калкулации за нови награди

Трендот за поврзување на честите патници зависи од тоа колку пари сте потрошиле – наместо колку милји сте прелетале – продолжува и во 2016 година.

Следниот авиопревозник кој ќе ја прифати оваа политика е Америкен ерлјанс.

Почнувајќи од втората половина на 2016… наградните милји за патувања на американските рекламирани летови ќе се калкулира на основа на она колку сте платиле за вашиот билет, стои на веб страната на превозникот.

Ниски цени на авиобилети: Нови победници

AirlineRatings.com е прогласена за најдобра нискобуџетна компанија во новата година за секој дел од светот.

Во Азиско-пацифичкиот регион, лидер е Скут.

Во северна и јужна Америка тоа е Вирџин америка.

Лидер во Африка и на Блискиот исток е Kulula.com

Авиони

Комак Ц-919: Кинеската авијација тргнува во поход на глобалното летање

Ова е година кога Комерцијалната авионска корпорација на Кина (Комак) се подига во воздух со Ц-919, во обидот да им конкурира на Боинг и Ербас.

Ова е еден од најголемите производства на авион било кога дизајниран и произведен во Кина.

Се очекува новиот авион првпат да полета во 2016 година.

Боинг и Ербас не треба да бидат загрижени во новите околности, велат аналитичарите.

Но како што ќе се проширува кинескиот пазар на патувања во следните децении, 2016 може да се смета како почетна година кога Комак ќе го направи својот прв чекор како глобален играч.

Боинг 747: Почнуваат последните патувања

Ер Франс ќе ја пензионира сета своја флота од 747-ки во јануари 2016, откако по 46 години летање со „џамбо џет“ почнува да предизвикува емоционални пориви кај ентузијастите во авијацијата низ целиот свет.

– Со голема тага прифаќаме дека `кралицата на небото` доаѓа до својот извозен крај, вели аналитичарот за авијација Силвестер Питман од airlineguys.com „Многу други превозници, меѓу кои и Делта, најавија пензионирање на овој култен авион“.

Џамбовците се истуркани од поефикасните широкотрупни авиони кои трошат помалку гориво додека летаат на долги дистанци.

Ербас А320 нео: Почнуваат првите патувања

Катар ерлајнс треба да биде првиот авиопревозник кој ќе лета со новиот суперштедлив едномоторен А320нео на Ербас, но редоследот се смени во последен миг, изјавија од Ербас за Дау бизнис џонс њуз. Намсето нив, први ќе биде германската Луфтханза.

Авионот, кој троши 15-20 проценти помалку гориво од постоечките модели – се очекува да биде пуштен во промет за првпат во првата половина од 2016 година.

Ербас А350XWB: Новите технологии ги заменуваат старите

Во авијацијата, супернапредното А350XWB семејството на авиони е еден вид на рок ѕвезда. Како доказ за тоа, Ербас испрати еден примерок на промотивна турнеја по Северна и Јужна Америка минатата недела за да се перчи со него.

Што е толку специјално кај него?

Освен привлечните свиткани нананзад крилја и кадрави флапсови, се е во инженерството. Повеќе од половина од авионот е направен од силни суперлесни карбонски композитни влакна наместо од традиционалниот алуминиум.

Овој авион е толку ефикасен, што – иако со само два мотори – лета на многу подалчни дестинанции кои досега беа резервирани за постарите авиони со четири мотори.

Во 2016, А350 почнува својата редовна служба во САД, со Катар ерлајнс на релацијата од Доха до Филаделфија.

Бомбадиер Ц-серија: Конечно полетува

Бомрадиер го нарече „првиот целосно нов едномоторен авион за 30 години“.

По многу одложувања, канадскиот производител на авиони конечно се очекува да го испорача својот нов авион од серијата Ц – CS100 – на Свис интернешенел ерлјанс во 2016 година.

Тој е помал од Боинг 737 или Ербас 320, но поголем од било кој авион за кратки дестинации.

– Тие прилично се намачија да направат добра продажба, а Бомбардиер се наде во финансиски проблеми во обидот да ја даде поддршката, рече аналитичарот за  авијација и патувања Брет Снајдер. „Но изгледа дека перформансите на авионот се солидни, а постојат и потенцијални озборувања дека има нарачка од Јунајтед“.

Боинг 737max: И уште повеќе од она што е многу

Ова изгледа дека е 737… до максимум!

Благодарение на софистицираните мотори ЦФМ интернешенел Леап -1Б, овој авион е за 40 проценти потивок и за 20 проценти поефикасен на гориво отколку неговите претходници од истото семејство на авиони.

– Обликот на крилјата а поставеноста на моторите меко и директно го насочуваат воздухот во и околу моторите.

Првиот 737маx излезе од фабриката во Рентон, Вашингтон, на 9 декември 2015 година..

Се очекува тест пилотите на Боинг да полетаат првпат на почетокот од новата година.

Се очекува испораката на првиот мустерја на 737 маx, Саутвестерн ерлајнс, во 2017 – половина век од првиот оригиналниот 737.

Аеродроми

Технологии: Помагаат или нагрдуваат?

Електронски сензори чувствуваат кога со вашиот умен телефон ќе влезете на аеродром.

Потоа сенозите ви испраќаат порака да ве одведат до најблиското место као што се ресторани и излези (гејтови).

Се повеќе аеродроми и авиопревозници ќе почат да ги користат овие апликации во 2016 година.

Од едно глобало истражување дознаваме дека 81 проценти од аеродромите планираат да инвестираат во сензори и други електроники во следните три години.

Германија: Нови одложувања на големиот проект

За жал, ова нема да бидер годината кога ќе биде отворен новиот аеродром Бранденбург во Берлин. Овој амбициозен проект првично требаше да биде отворен во 2011 година.

Одложувањата се заради конструкциски пробеми.

Но, можеби ќе биде во 2017?

Њујорк: Надградба на Ла Гвардија, конечно

Првиот голем чекор кон повторната изградба на стариот и прилично комлициран аеродром Ла Гвардија ќе почне во 2016 – проект вреден четири милијарди долари кој ќе се работи четири до пет години.

Авиопревозниците сега ги користат четирите треминали на аеродромот кои на крајот ќе се поврзат во огромен модерен заеднички терминал со конвенционална поврзаност со копнениот превоз.

-Ла Гвардија секогаш работи под полн капацитет, па дополнителни „состојки“ во супата на Ла Гвардија создаваат доцнења, вели аналитичарот за авијација Фил Дернер од NYCAviation.com „Тоа не се доцнења во самиот авиопревоз, туку доцнења за патниците за време на преседнувањето од еден на друг лет“.

Њу џерси: ајпади доаќаат на Нуарк

На Нуарк Либерти меѓунардниот аердодром, терминалот на Јунајтед ерлајнс станува огромен, тоа е надградба од 120 милиони долари.

Замислете си само: тие ветија дека ќе има ајпади на секое седиште на 55 различни места ја јадење низ целиот терминал од преку 30,000 квадратни метри.

Треба да биде отворен во 2016 година.

Лос Анџелес: Полесна домашно-меѓународна поврзаност

На LAX новата зграда која ги поврзува домашните и меѓународните летови на меѓународниот терминал треба да биде завршена во 2016 година.

Со ова ќе се елиминира непотребноста од излегување надвор или каучување во комбе за да смените лет од домашен лет на лет од меѓународниот терминал.

Тоа исто ќе им озвомжи на домашните патници да се поврзат со меѓународните летови без да мораат уште еднаш да минуваат низ безбедноси проверки.

Бразил: Олимписки надградби

Аеродромот Галеао во Рио Де Женеиро се подновува за Олимписките игри во август 2016 година.

Се гради нова зграда за пристигнувања и заминувања заедно со нови 26 мостови за авиони и десетици нови бороа за пријавување на патниците.

Дестинации

Виетнам: Повеќе услуги

Е пчекува нискобуџетната Виетџет ер да стане поагресивна во отварањето на нови пазари во Виетнам, кои не се опслужувани од големи превозници, вели аналитичарот Јусуф.

Куба-САД: Поголема пристапност

Хавана и Вашингтон ги обновија директните, редовни комерцијални летови помеѓу САД и Куба за првпа по повеќе од половина век. Под претпоставка дека регулаторите во авијацијата ќе работат на деталите за ова, се очекува напливот на туристи од САД да започне во 2016 година.

Нови ултра долги летови: Повеќе време на небото

Можете ли да поднесете да минете повеќе од 12 часови во авион?

Авиопревозниците во 2016 ќе додадат се повеќе рути со долги нон стоп летови.

Јунајтед планира да воведе еден од меѓнародниот аеродром во Сан Франциско до Ксиан во Кина (кој ќе трае повеќе од 12 часа) и уште еден до Тел Авив, Израел, со повеќе од 14 часа. И во двата лета ќе се користат авиони Боинг 787 дримлајнерс.

Емиратс првлекуваат големо внимание со нон стоп врската меѓу Дубаи и Панама сити, во Панама. Со Боинг 777-2001Р, овие летови ќе тргнат во верураи, и тоа ќе биде најдолгиот нонстоп лет на светот: 17 часа и 35 минути на 13,8000 километри долгата рута.

Безбедност

Регулаторите во авијацијата во југоисточна Азија се загрижени по извештајот од со авионот од летот 8501 на ЕрЕјжа, и со спуштањето на рејтингот за безбедност на Тајланд за целиот нивен систем на авијацијата.

Индонезија: Повеќе обуки за пилотите

Официјални лица ќе потрошат повеќе време во инспекции во 2016 на сите индонезиски Ербас А320 авиони – исти авиони како со летот 8051 – и ќе бараат технички недостатоци заради кои делумно се случи падот на авион во 2014 во кои загинаа сите 162 луѓе.

Државата исто ќе бара сите авиопревозници да ги зголемат обуките за пилоти како резултат на тој пад. „Би сакал во 2016 да видам како обрнуваат повече внимание на безбедноста и да нагажираат американски или европски специјалисти да им помогнат со инфратсруктурата и да ги унапредат нивните авијациски системи во смисол на авионскиот сообраќај и одржувањето, и на сета механика околу тоа“, рече авијацискиот консултант Јусуф.

Тој вели дека во регионот има „голема итност“ сега да се создаде единствена рамка за безбедност во јужна Азија, затоа што се повеќе авиони минуваат преку зоните за онтрола на воздушниот сообраќај.

Тајланд: Унапредување на системот

Огромното државно унапредување на речиси сите безбедносни правила и процедури се очекува да трае се до август.

Сето ова започна во 2015, кога Организацијата за цивилна воздушна пловидба на ОН (ИКАО) го обележа Тајланд со „црвено знаменце“.

Во јавноста се отворија прашања за контролата на безбедноста во авијацијата во државата.

Потоа, Сингапур, Австралија и ЕУ наредија детални инспекции.

А потоа американската ФАА го намали рејтингот на безбедноста во Тајланд.

Дронови во САД: Нови правила

Без разлика дали ги нарекувате дронови или беспилотни летала – овие мали воздушни возила се повеќе се пробиваат во патот на американските авиони.

Владините регулатори сеуште се обидуваат да се справат со овој проблем.

Во 2016, се очекува ФАА да објави нови правила за проценетите стотици илјадници управувачи со дронови.

Ова се со цел да се спречат дроновите да се судрат со комерцијалните авиони или да бидат вшмукани во моторите на авионите и да предизвикаат евентуална катастрофа.

Спречување на уште еден МН370

Сетете се на исчезнувањето на летот 370 на Малејжа ерлајнс во 2014, и како сите зборуваа за воведување подобар начин на следење на авионите преку океаните?

Се очекува ИКАО во 2016 да адаптира станради во авијацијата за следење на авионите преку сателит.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба