1,6 милијарди денари од буџетот ќе бидат пренаменети за враќање на долгови

Од:

Со 51 глас „за“, ниту еден „против“ и 25 „воздржани“ Собранието на Република Македонија денеска ја усвои одлуката за прераспределба на 1,6 милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во Собранието образложи дека финансиите се кратат од ставки кои нема да бидат реализирани, а средствата ќе се користат за отплата на наталожени обврски.

Со овие пари, рече Тевдовски, се планира исплата на неколку заостанати долгови како за Македонската филхармонија, опрема во МВР, градежни објекти во СОЗР – Факултетот за драмски уметности, Албанскиот театар и библиотеката во Тетово.

– Со оваа отплата на дел од наследените долгови ќе се обезбедат заштеди во следните 10 години како резултат на избегнување на плаќање на камати и евентуални судски трошоци за ненавремено подмирени обврски, рече Тевдовски.

Оваа промена ја поддржаа и од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на една од десетте пратенички групи на партијата, Илија Димовски, кажа дека дека крајната цел на одлуката е во ред бидејќи со неа ќе се овоможи 50-ина милиони евра да влезат во стопанството. Но, напомена дека одлуката е првата целосна дијагноза на Владата на СДСМ за слабостите во планирањето и реализирањето на средствата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Без проблем пројде Предлог-одлуката за утврдување на платите на функционерите

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

А1он

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути