Златната палма во Кан за филмот „Dheepan“ на Жак Одиар

Од:

Жирито на 68-то издание на Канскиот филмски фестивал му ја додела во неделата навечер главната награда Златната палма на филмот „Dheepan“ (Дипан) на францускиот режисер Жак Одиар во кој се запечатени животот и доживувањата на еден од припадниците на бунтовничкото движење во Шри Ланка, Тамилските тигри, кој се населува во едно од предградијата на Париз, и тој е еден од петте француски филмови кои годинава се најдоа во конкуренцијата за главната награда на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот.

Втората награда му беше доделена на унгарскиот филм на Ласло Немеш „Saul fia“ (Синот на Саул/Савле), кој ја раскажува трагедијата на затвореник Евреин во нацистичкиот логор Аушвиц, кој го пронаоѓа својот син меѓу убиените деца. Третата награда ѝ припадна на љубовната приказна „The Lobster“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, кој зборува за осаменици кои се претвораат во животни, доколку не можат да најдат партнер, во кој настапуваат Колин Фарел, Џесика Барден и Ракел Велч.

Тајванскиот режисер Хоу Хсиао-Хсиен ја освои наградата за најдобра режија, за филмот „Nie Yinniang“ (Убиец). Станува збор за приказна за жена од Кина, платен убиец, којашто се вљубува во човекот кого треба да го убие. Наградата за најдобар драмски филм ја доби „Chronicles“ (Хроники) на Мишел Франко кој зборува за моралните притисоци на медицинските сестри кои ги негуваат пациентите до последниот миг.

Наградата за најдобра женска улога ја поделија Американката Руни Мара, којашто настапи во филмот за лезбиската љубов „ Carol“ (Керол) на режисерот Тод Хејни, и Французинката Емануел Берко, за ролјата во филмот „Mon roi“ (Мојот крал), во режија на Мевен Беско.

Наградата за најдобар актер, исто така, останува во Франција и му припадна на Винсент Линдон, за насловната ролја во за неговото остварување во филмот „La loi du marche“ (Законот на пазарот) на Стефен Бриз.

Вкупно во главната натпреварувачка програма беа прикажани 19 филмови. Покрај лауреатите на фестивалот, забележителен впечаток оставија и „Маргерет и Жилиен“ на Валери Донзели, „Приказната на приказните“ на Матео Гароне, „Дневникот на Уминати“ на Хироказу Кореди, „Макбет“ на Џастин Курзел, „Мојата мајка“ на Нани Морети, „Младост“ на Паоло Сорентино, „Погласно од бомби“ на Хоаким Триер, „Море од стебла“ на Гас ван Сент, „Наменичка“ на Дени Вилнев и „Долина на љубовта“ на Гијом Никл.

Колумбискиот режисер Аугусто Цезар Асаведо за филмот „Земја и сенка“ е добитник на наградата Златна камера за камера. Станува збор за драма во која колумбиски селанец по долги години отсуство од родното село се враќа кај синот кој умира и наидува на апокалиптичната слија на зафрленото место.

Малата Златна палма за најдобар краткометражен филм, на церемонијата на канската Кроеазета му припадна на либанскиот режисер Ели Дагер.за 15-минутниот анимиран филм „ Waves ‘98“ (Бранови ’98), која раскажува за млад жител на Бејрут кој се соочува со егзистенцијална криза и бара начин за излез од сеприсутниот ритам на секојдневниот живот.

Жирито на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал го предводеше славните американски режисери и сценаристи, Итан и Џоел Коен, што е првпат во 68-годишната историја на фестивалот. Во составот уште беа актерките Софи Марсо, Сиена Милер и роси де Палма, актерот Џејк Гиленхал, режисерите Ксавиер Долан и Гилермо дел торо, како и композиторот Рокиа Траоре.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ