Златната камера 300 отиде кај „Племето“

Од:

На гала-вечерта во Големата сала на Домот на културата во Битола вечерва беа доделени наградите на јубилејното, 35-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

На македонскиот режисер Милчо Манчевски, претседателот на Друштвото на филмски професионалци на Република Македонија, Роберт Насков, му ја додели Големата ѕвезда на македонскиот филм, по што тој направи римејк на антологиската сцена од „Пред дождот“ со прстот на уста и рече едно кусо „Благодарам.“

Од 11 долгометражни филма во официјалната програма од 10 различни земји и од 25 краткометражни филма на млади надежни автори, жирито одлучи Златна камера 300 да отиде кај „Племето“ на Валентин Васјанович, со објаснување дека „Филмот е совршен пример за суптилно надополнување на сценариото, режијата, монтажата и глумата“.

– Драги колеги, жал ми е што не можам да сум со вас денес. Голема чест ми е што примам награда од Вашиот прекрасен фестивал. Интересно е што на почетокот јас бев само продуцент на наградениот филм, а не директор на фотографија. Во текот на многуте проби со режисерот и актерите почнавме да снимаме со непрофесионална камера и тоа му даде автентичен стил на филмот. Така го презедов местото директор на фотографија – како да е работно место во некоја локална семејна пицерија. Не можам да ви опишам колку сум среќен што добивам награда. Би сакал милион пати да се заблагодарам на фестивалот, жирито и јавноста. Денес сум најсреќниот човек на светот – ѝ се обрати авторот преку видео-јавување.

Сребрена камера 300 доби полско-данскиот филм „Ида“ на Ричард Ленчевски и Лукаш Зал, а Бронзената камера 300 отиде за британскиот ’71 на Ентони Тат Редклиф.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ