„Златен објектив“ за директорот на фотографија Драган Салковски

Од:

По повод 29 април – Денот на основањето на Кинотека на Македонија денеска ќе биде доделена традиционалната награда „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Добитник на наградата е доајенот на македонската филмска камера –директорот на фотографија Драган Салковски, еден од најреномираните и најеминентни македонски филмски сниматели.

Драган Салковски со филмска дејност професионално се занимава од 1959 година. Од 1969 до 1997 година работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје.

Покрај својата снимателска дејност, во сферата на македонскиот документарен филм соработува и во реализацијата на десетина играни филмови во продукција на „Вардар филм“ и во уште толку во странска продукција. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна плакета за најдобра камера за филмот „Јазол“ на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола (1985), додека филмовите „Тулгеш“ и „Ликвидатор“ во чијашто реализација учествува, се добитници на Гран при на Фестивалот на документарен и кусометражен филм во Белград.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ