Зимско издание на фестивалот „Скопје синема сити“

Од:

Во Кинотека на Македонија денеска и утре ќе бидат прикажани четири музички документарци во рамки на зимското издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ (Skopje Cinema City).

На зимското издание се репризираат филмови кои премиерно веќе беа прикажани во 2017 година, во рамки на третиот „Скопје синема сити“.

Вечер ќе бидат прикажани „Крафтверк: поп арт“ (20.00) и „Лиса Жерар: Засолниште“ (21.30), а утревечер – „Во сеќавање на Лу Рид“ (20.00) и „Дејвид Боуви на Би-Би-Си“ (21.30).

– Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме „Четири годишни времиња“, соопшти фестивалот чија цел, како што наведува, е да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид