Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ќе настапи на Светските хорски игри во Рига

Од:

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, ќе учествува на 8. Светски хорски игри, што се одржува во Рига, Латвија. На Светските хорски игри кои се одржуваат од 9 до 19 јули ќе се претстават хорови од над 60 земји од целиот свет, кои ќе се натпреваруваат во 28 различни категории.

Министерството за култура соопшти дека нашите претставници ќе се натпреваруваат во три категории, и тоа: световна музика, црковна а-капела и фолклор. Хорот „Света Злата Мегленска“ својот прв настап ќе го има утре во категоријата световна музика, во Летонската музичка академија, која е една од најстарите образовни институции во земјата, лоцирани во стариот град на Рига.

Покрај хорот „Св. Злата Мегленска“, во оваа категорија, како што се наведува, ќе учествуваат и хорови од Кина, Русија, Шведска, Финска, Германија, Венецуела, Индонезија, Италија и од други земји.

Натпреварот во црковна а-капелна музика ќе се одржи во црквата „Свети Петар“, која е еден од најдобрите примери на средновековната (готска) црковна архитектура, како и една од најубавите цркви во балтичкиот регион изградена во 13 век. На овој натпревар, хорот „Света Злата Мегленска“ ќе се натпреварува со хорови од: САД, Јужна Африка, Венецуела, Романија, Швајцарија, Канада, Хрватска и др.

Во третата категорија натпревари – фолклор, кои ќе се одржат на 18 јули во „Riga Stradins University“, покрај хорот „Св. Злата Мегленска“, ќе учествуваат и хорови од Нигерија, Кореја, Белорусија, Естонија, Австрија, Латвија, Филипини, Италија , САД и др.

Со организирањето на овој светски културен настан се потврдува дека Рига не е само европска престолнина на културата, туку и светска престолнина на хорската музика. Светските хорски игри во Рига се 8-ми натпревар во организација на „Музика мунди и интеркултур“ (Musica Mundi I Interkultur) и се, несомнено, најзначајна манифестација од овој вид во светот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ