Во 2015 година биле организирани 595 ликовни изложби што е 5,3 отсто повеќе од бројот на изложби во 2014 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во истиот период за 3,7 проценти е зголемен бројот на ликовните уметници-учесници на изложбите, а за 2,3 проценти е зголемен и бројот на посетителите на ликовните изложби.
Според податоците на ДЗС, во 2015 година биле организирани 26 ликовни колонии, на кои имало 12 отсто поголем број учесници отколку во претходната, 2014 година.