Завршува Министерскиот форум за културна соработка меѓу Кина и 17 земји од ЦИЕ

Од:

Во Скопје денеска ќе заврши дводневниот Четврти министерски форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа (Процес 17+1), кој го организираат Министерството за култура и Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ.

Според програмата на настанот, министрите за култура на земјава и на Кина, Хусни Исмаили и Луо Шуганг, денеска претпладне ќе го посетат Археолошкиот музеј и ќе ја разгледаат постојаната поставка.

Форумот беше отворен вчера со панел-дискусија на учесниците кои на крајот ја усвоија Декларацијата од Скопје и Планот за соработка во културата во 2020 и 2021 меѓу Кина и 17 земји од Централна и Источна Европа.

Планот опфаќа активности во областа на културните и креативните индустрии, културното наследство, филмот и дистрибуцијата на филмови, униите на библиотеки, како и составување симфониски оркестар од 18 земји членки во Процесот 17+1.

Беше презентирана и веб-платформата на Координативниот центар за културна соработка, која ќе биде алатка за размена и промоција на информациите и идеи од културата. Од секое министерство за култура на 18-те земји предвидено е да биде назначен експерт одговорен за нејзиното ажурирање.

На форумот учествуваа министрите за култура на Кина, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, и Словенија, како и претставници од министерствата за култура или амбасадори од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка.

Во Скопската декларација тие ја нагласија и поддршката на активностите на Центарот за координација на културната соработка помеѓу Кина и земјите од ЦИЕ кој минатата година во март беше отворен во Скопје, по одлуката од третиот форум за култура што се одржа во кинескиот град Хангџоу.

Два од претходните три министерски форуми за културна соработка меѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ беа одржани во Кина (првиот и третиот), а домаќин на вториот форум беше Бугарија и се одржа во Софија.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ