Завршува Фестивалот на балканската независна театарска сцена – Провокација

Од:

Фестивалот на балканската независна театарска сцена – Провокација кој е под покровителство на општина Гази Баба, завршува вечерва.

Со почеток од 20 часот во чест на наградените, вечерва ќе биде одиграна претставата „ Ожени ме“ – на Театар Провокација, а во режија на Роберт Ристов.

Жири комисијата во состав на Звезда Ангеловска, Благој Чоревски – Чоре и Мирјана П. Ристов ги додели сведниве награди:

Специјална награда за извонредно актерско остварување се доделува на Драган Mаринкович – Маца.

Главна машка улога се доделува на Јан Керекеш за улогата на Марс во претставата „Јас бремената“.

Главна женска улога се доделува на актерката Ана Бегиќ Тахири за улогата Ивона во претставата „Јас бремената“.

Наградата за најдобра режија и претстава во целина односно Гранд-при се доделува за претставата „Средба со неочекуваното“ на Театар Гестос – Софија.

Награда за животно дело за развој и афирмација на независната театарска сцена се доделува на: Шенка Колозова за 30-годишната работа со патувачкиот театар –„Театар Колозов“ – Македонија и Раде Вукотиќ за 30-годишното делување на сцената со „Театар Призор“ – Р. Србија.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“