Завршна вечер на „Џифони Македонија“

Од:

„Ги вкрстуваме патиштата и чекориме заедно” е мотото на завршната вечер на годинашното второ издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија”.

Програмата што ја понуди фестивалот во изминатите пет дена, на младите учесници од категориите +10, +13 и +16 години им овозможи на интересен и забавен начин да дознаат повеќе за себе, за другите, за пријателството, филмот и културата воопшто.

Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмската култура Џифони – М во рамките на фестивалот ги вклучува и децата од Домот без родители „11 Октомври“.  Дваесет и пет деца од Домот денеска бесплатно во киното Синеплекс ќе го проследат филмот „Exit Marrakech“, а уште 20 деца заедно со младите 10+ во Кинотеката на РМ филмот „The Great Bear“.

Свеченото затварање најавено за 20 часот во кино „Милениум“ ќе биде посветено на младите кои се креатори на фестивалот, нивните дела и самостојни креации создадени на работилниците во Џифони и на хуманитарна акција за децата од Домот без родители „11 Октомври”.

– Младите дел од Џифони Македонија ќе ја покажат својата хуманост како највозвишена човекова особина преку донација на средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на своите дела и креации создадени во текот на петте фестивалски дена и преку самостојни донации, соопшти Агенција за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ