Завршна презентација на работилницата „Гласот на телото“

Од:

Во КСП Центар – Јадро денеска ќе се одржи финалната презентација на работилницата „Гласот на телото“, во рамки на која учесниците го претставуваат процесот на работа реализиран во претходните седум дена (помеѓу 15-22 јуни 2021), под водство на Искра Шукарова и Питер Шишиоли.

Од КСП Центар – Јадро информираат дека учесниците и менторите ќе ја поведат публиката на следната локација, во Градкиот парк, каде што ќе продолжат и ќе ја заокружат презентацијата.

По завршната презентација ќе следи разговор со учесниците во работилницата.

Водачи на работилницата се Искра Шукарова (МК) и Питер Шишиоли (САД), а соработник за видео-документација на процесот е Јохан Мелин (Шведска/МК).

„Гласот на телото” е седумдневна работилница за изведувачки уметности што се одржува во Скопје помеѓу 15-ти и 22-ри јуни 2021, фокусирана на движење, глас и тело низ различни уметнички медиум, под водство на танчерката, кореограф и професор Искра Шукарова и Питер Шишиоли, интердисциплинарен изведувач, креатор, едукатор и продуцент со седиште во Бруклин.

Како дел од тековниот дијалог што го имаат од 2013 година, Шукарова и Шишиоли ги споделуваат своите пристапи кон „времето како квалитет“ и „гласот како движење“ преку секојдневна пракса на физичко и вокално загревање, вежби за проширување на перцепцијата и експресивниот опсег на учесниците, како и алатките за создавање материјал преку интердисциплинарен пристап.

Работилницата вклучува 15 учесници од полето на танцот, театарот, психологијата, педагогијата и други дисициплини, кои се впуштат во овие уметнички истражувања на отелотворен начин.

Работилницата е финансиски поддржана од Министерството за култура, како и од програмата GPS/Global Practice Sharing program на Movement Research и фондот на Trust for Mutual Understanding.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска