Завршија подводните истражувања на локалитетот Врбник

Од:

Стручните екипи на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга ги завршија годинашните подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник. Откриени се значајни движни наоди, датирани од 6 до 7 век пред нашата ера, периодот кога егзистирала оваа населба. Меѓу предметите се издвојуваат фрагменти од кантаровидни садови,  чинии, складишна керамика, фрагменти од питоси, како и неколку бронзени игли.

Во истражувањата, како што информира Министерството за култура, кои годинава беа пообемни, се вклучија и млади дипломирани археолози со специјалност подводна археологија, а интерес пројавија и институции од странство кои работат исклучиво во сферата на подводната археологија.

Годинава, археолозите ги завршија и истражувањата за утврдување на контурите и големината на самиот локалитет, кои ги надминаа и ги ревидираа претходните претпоставки и сознанија.

Сите достапни материјали и други научни податоци поврзани со истражувањата на локалитетот Врбник ќе бидат презентирани на посебна веб-страница за овој локалитет, која ќе биде промовирана кон средината на ноември годинава.

Првите сознанија за локалитетот Врбник, кој се наоѓа на северниот дел од Охридското Езеро, датираат од 80-тите години на минатиот век. Во неколку наврати се извршени археолошки истражувања од страна на Музејот на Македонија и Музејот во Струга, во соработка со Сојузот на нуркачки друштва на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска