Целосно истражен Античкиот театар во Скупи

Од:

Завршија археолошките истражувања на античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, Скопје, соопшти Министерството за култура.

Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата археолошкиот локалитет се реализираа во соработка со Филозофски факултет од Скопје и Музејот на Град Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крај на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени предмети, коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5000 предмети од различни културни хоризонти – железно време, римски период, доцноримски период и среден век.

„Паралелно со археолошките истражувања беа спроведени и геофизички испитувања, а се направија и аерофотографии од театарот со кватрохоптер (дрон). Информациите околу ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страницата за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци“, соопшти Министерството за култура.

Раководител на истражувањата беше д-р Антонио Јакимовски, професор на катедрата за Историја на уметност со археологија при Филозофски факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска