Заврши седмиот детски ликовен камп „АСНОМ“ во во Старо Нагоричане

Од:

Заврши седмиот детски ликовен камп „АСНОМ“, на кој учествуваа 40-тина ученици од основните училишта од Куманово.

Учениците изработија 150-тина дела во различни техники на кампот кој траеше три дена во комплексот „Етно село“ во Старо Нагоричане. Учениците и нивните ментори, професори по ликовна уметност денеска добија благодарници и признанија за учеството од градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјновски и организаторите, Фондацијата за култура и спорт.

Манифестацијата има за цел да го поттикне уметничкиот дух и креативноста кај децата и секоја година е се повеќе популарна меѓу младите уметници.

Директорот на Фондацијата Нино Величковски изјави дека досега на кампот учествувале голем број ученици од сите основни училишта во градот.

– Продукцијата е одлична, дел од овие ученици се креативни и ќе се запишат во средно и на факултетите за ликовна уметност. Тоа е нашата цел, да продуцираме квалитетни кадри, изјави Величковски. И дел од корисниците од двата дневни центри и годинава учествуваа на оваа манифестација.

Градоначалникот Зоран Дамјановски посочи дека општината ќе продолжи да вложува во уметноста.

– Станува збор за традиционален камп кој потврдува дека Куманово е препознатливо во ликовната уметност бидејќи во градот се оддржуваат бројни колонии. Делата ќе бидат понудени на продажна изложба, а собраните средства ќе бидат донирани на дневните центри. Кампот е извор на талентите од градот во ликовната уметност и ќе продолжиме да го поддржуваме, изјави Дамјановски.

Професорот по ликовна уметност Симона Јакимовска објасни дека учениците изминатите денови работеле на слободна тема, во различни техники, акрил на платно и скулптура.

– Ова се талентирани деца кои сакаат да работат и да учат нови техники, изјави Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска