Заврши меѓународната ликовна колонија во Гевгелија

Од:

Осумнаесеттата меѓународна ликовна колонија,чиј организатор и домаќин беше Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија, заврши со работа со традиционално изложување пред публиката на сите дела создадени изминативе денови.

На годинешното издание на ликовната колонија во Гевгелија учествуваа 10 уметници од Грција, Бугарија, Србија и Северна Македонија, кои претходно беа избрани од селекторот на колонијата сликарот Драги Хаџи-Николов од Гевгелија.

– Во пријатна и топла работна атмосфера, во прекрасниот амбиент на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија и планинското село Ума со својата живописна околина, беа создадени делата од уметниците кои по завршувањето на изложбата ќе станат дел од богатата ризница на уметнички дела создавани во изминативе 18 години од работењето на колонијата, појасни Аце Ристовски, директор на Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска