По седумдневна работа на терените на Пониква на Осоговските планини заврши со работа третата меѓународна ликовна колонија „Св.Пантелејмон“.
На колонијата учествуваа ликовни творци од Кочани, Скопје и Куманово како и тројца уметници од збратимениот град Сигентсентмиклош од Унгарија.
– На колонијата создадовме триесетина дела масло на платно со мотиви од Осоговијата, бидејќи годинава ја лоциравме на прекрасните терени на Пониква на Осоговските планини, ни изјави Александра Сандева, ликовен педагог и раководител на колонијата.
За учесниците на колонијата беа организари прошетки до блиските излетнички места на Пониква и поетска средба со поети од Кочани. Делата од Ликовната колонија „Св.Пантелејмон“ која финансиски ја помогна општина Кочани ке бидат изложени на изложба по повод 7 септември, денот на ослободувањето на Кочани.