Заврши ликовната колонија „Карпино 2021“

Од:

Заврши 19-тата Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ на која учествуваа 11 уметници од државата и соседните земји, а кои една недела твореа во кумановската населба „Карпош“.

Како што информираа денеска од мултимедијалниот Центар Карпино, на колонијата создадени се дваесетина дела, инспирирани од културно-историските споменици, цркви, манастири и природни реткости од општините Куманово и Старо Нагоричане.

– Дел од уметниците работеа дома, дел во комплексот „Грација“, поради запазување на здравствените протоколи. Уметниците твореа на слободна тема. Пошироката јавност ќе има можност да ги разгледа делата од колонијата на традиционална изложба по повод денот на ослободување на Куманово, изјави претседателот на здружението Зоран Павловски.

Ликовната колонија е посветена на манастирот Воведение на Пресвета Богородица во Сув Ора, добро позната под името Карпински манастир. Организаторите им врачија благодарници на учесниците и најавија дека и годинава, делата ќе бидат изложени во галерии и установи од културата во повеќе градови од државата.

Би можело да ве интересира

Завршува интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“

Ана Ололовска

Уметникот Живко Поповски -Цветин со ликовна работилница во возот на релација Скопје-Куманово по повод Светскиот ден на мирот

Ана Ололовска

„Светлината од уметникот ќе се одрази врз целата заедница“ преку црно- бели портрети изложени на Рузвелтова

Ана Ололовска

Затворена јубилејната 35-та ликовна колонија св.Јоаким Осоговски

Ана Ололовска

Аудиовизуелна инсталација на Ивановски и Пејовски во „Центар-Јадро“

Ана Ололовска

Почнува 35. Меѓународна ликовна колонија Св. Јоаким Осоговски

Ана Ололовска