Заврши 15-та ликовна колонија „Ѓуриште 2020“ што ја организираа Домот на културата „Крсте Мисирков“ и Општина Свети Николе.
Инспирација на ликовните уметници им беше природата на Овче Поле и здравствените работници кои се херои на новото време.
–На колонијата учествуваа 12 ликовни уметници од Штип, Велес, Куманово, Скопје и Свети Николе. Coгласно ситуацијата со КОВИД-19, оваа година на колонијата немаа можност да учествуваат ликовни уметници надвор од нашата држава, изјави градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.
Збирката на уметнички дела е збогатена со уште 24 творби од учесниците на колонијата, кои ќе бидат претставени на изложба што ќе се одржи по повод 14 Септември – Денот на ослободувањето на Свети Николе.