Заврши Фестивалот на куклени театри „Дебарска кукла“

Од:

Со изведба на претставата „Караѓоз“ на куклениот театар „Хајли Кубе“ од Истанбул денеска во Дебар заврши фестивалот на куклени театри „Дебарска кукла“.

Во изминатите три фестивалски денови пред дебарските деца, нивните родители и граѓани се претставија и Националната установа Театар за деца и младинци од Скопје, со претставата „Лакомата Меца“, како и куклените театри од албанските градови Подградец и Берат, „Пиро Зерзи“ и „Коцемиу Текас“.

Организаторот на фестивалот, дебарското Здружение за уметност, култура и заштита на културното наследство „Арт-Култ 57“ е задоволен од настапот на тетарите и од приемот на публиката.

– Ваква културна манифестација се одржува за првпат. Презадоволни сме од присуството и приемот на публката која потврди дека Дебар е град на културата. Гледајќи ги радосните лица на децата ќе направиме се оваа манифестација да стане традиционална, изјави претседателот на Здружението, Арбен Јајага.

Тој искажа огромна благодарност за финансиската подршка на македонското Министерство за култура кое финансиски го потпомогна одржувањето на фестивалот. Се заблагодари и за подршката на локалната власт на Дебар и Центар Жупа и неколку донатори.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство