Заврши „Џез фестивалот“ во Прилеп

Од:

Со синоќешните настапи на македонскиот виртуоз Јаков Дренковски, на Французите „ЛеБал Пури“ и на српската група „Деца Лоших Музичара“ во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, заврши 7. Интернациоалниот џез- фестивал „Прилеп – Џез викенд”.

Изминатите три дена на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков” публиката проследи настапи на повеќе од 12 бендови со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката.

Музичарот Јаков Дренковски вели дека е под големи импресии и дека оваа музика опушта.

– Под импресии сум. Се чувствува треперењето во мојот глас зошто вечерва ќе бидат многу мои пријатели. Благодарен сум му на организаторот што вложи напор да стапиме во контакт и да бидам дел од ова што се случува вечерва во Прилеп. Оваа е музиката која опушта и кога човек ќе реши да ја слуша навистина ужива во неа. Затоа слушајте џез, рече Дренковски.

Музичарите од францускиот бенд „ЛеБал Пури“ првпат се во Македонија и велат дека се воодушевени.

– Доаѓаме од Франција. Прв пат сме во Македонија, пристигнавме во петокот и имавме можност да го почувствуваме духот на Фестивалот. Видовме три прекрасни концерти, кои навистина беа различни, со различни видови џез и импровизирана музика и навистина сме воодушевени. Очекуваме и вечерва да си поминеме убаво. Ова е ново доживување не само за џез музиката, туку и ние откривме нова земја и култура, изјавија музичарите од „ЛеБал Пури“.

Фестивалот завршува денеска со „оф“ програмата во „Резиденс“, во селото Плетвар.

Со овој „Џез викенд“ општина Прилеп ја заокружува годинашната фестивалска програма. Ги организираше петте големи фестивали: „Прочка“, МТФ „Војдан Чернодрински“, Фестивалот на народни инструменти и песни „пеце Атанасовски“, „Пивофест“ и Фестивалот на џез музиката.

Би можело да ве интересира

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски

Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ

ЦУК: Исчистен е патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“, двете загрозени лица кои немале лекови се безбедно пренесени во градот Прилеп

На дело е уапсен малолетен крадец од Прилеп

Во подем семејното насилство во Прилеп, жртви се и децата

СДСМ: Скандал, градоначалникот на Прилеп со пет директори фатени во криминал со превозот на ученици