Заврши 27. Меѓународна ликовна колонија Св. Јоаким Осоговски

Од:

Со изложбата на дела од годинашните учесници, што се одржа во галеријата на стариот конак на манастирскиот комплекс „Сарандопорски“, денеска во Крива Паланка беше затворена 27-та Меѓународна ликовна колонија Св.Јоаким Осоговски.

На ликовната колонија, која секоја година се одржува од 5 до 15 септември во манастирот св. Јоаким Осоговски, учествуваа 15 уметници чиишто 30 дела ќе ја надополнат богатата збирка на колонијата од над 700 уметнички слики.

Координаторот на колонијата Јорданчо Михајловски е задоволен од интересот на докажани светски уметници од повеќе континенти за учество на колонијата. Според него, особено радува фактот што годинава за прв пат имаше учесници од Аргентина и Австралија. Останатите уметници беа од Украина, Србија, Бугарија, Шведска, Турција и  Македонија.

Годинашното издание на колонијата мина во знак на сеќавање на нашиот академски сликар Никола Иванов – Балтон, кој заедно со Петар Мазев и Димитар Стојчевски во 1987 година ја основале колонијата. Во чест на Балтон, на  денот на независноста на Македонија, во манастирската галерија се одржа меморијална изложба со негови дела.

Меѓународна ликовна колонија се организираше во рамки на манифестацијата „Крива Паланка- град на културата 2013“, а традиционално таа е поддржана од Министерството за култура, под покровителство на Македонската православна црква.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска