Во Гевгелија денеска заврши 14-тото издание на ликовната колонија „Аполонија 2015“ на која учествуваа осум ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија.
Изминатите десет дена учесниците на колонијата изработија дела во разни сликарски техники на теми по сопствен избор. Дваесетината изработени слики ќе станат дел од фондот на ликовната колонија, а на јавноста ќе и бидат претставени преку традиционалната изложба која ќе биде отворена вечер и ќе трае десетина дена.
Годинашнава сесија на гевгелиската ликовна колонија ја организираше фондацијата „Аполонија“ под покровителство на општина Гевгелија.