Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Од:

Завршени се основните подготовки за реализација на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека завршен е изборот на композиции, а фестивалот како и претходната година ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. И оваа, како и претходната година, фестивалот го финансира Општина Штип.

-Оваа година општината сама ќе го организира овој фестивал. Очекувам да произлезат добри мелодии кои ќе ја збогатат музичката сцена. Ќе настапуваат и веќе афирмирани музички имиња, но и дебитанти коишто ќе се промовираат на македонската музичка сцена. Ќе се одржи кон средината на октормви во Домот на култура „Ацо Шопов“. Основните подготовки веќе се направени, завршен е изборот на композиции, рече Јорданов.

Оваа година од Министерството за култура беа додели 400.000 денари за „Макфест“ кои од страна на Јорданов беа одбиени.

-Со настан како „Макфест“, кој се организира редовно секоја година во Штип, градот добива посебен белег по кој се памети, додаде Јорданов.

Како и претходната година, и оваа тој очекува посетители од регионот, но и од цела држава.

Би можело да ве интересира

Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“

Триесет и шесто издание на „Макфест“

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест“

Ана Ололовска

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Ана Ололовска

Штип: „Макфест“ може да се одржи на отворено, „Пастрмајлијадата“ откажана

Жарко Настоски

Конкурс за уметнички директор на фестивалот „Макфест“

А1он