Во театарот „Сенки и облаци“ вечер ќе се одржи премиера на новата претстава „Заробениот ветер”, и тоа во нов театарски формат – кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката. Ова 7-минутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.
Претставата е плод на истражувачкиот процес со „Artpolis“ од Косово, а во рамки на проектот „Culture box“. Проектот e дел од иницијативата READ во локална имплементација на GOETHE-INSTITUTE SKOPJE и LOJA.
-Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театарoт „Сенки и облаци“ во Дебар маало, каде претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер. „Заробениот ветер” е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен, соопштија организаторите.
Оваа претстава во вторник ќе биде прикажана во основното училиште „Xhemail Mustafa” во Приштина, по што претстојат изведби на матичната сцена во Скопје но и други културни манифестации ширум државата.