Започнува фестивалот на театар и краток филм „КУЛТРА“ во Штип

Од:

Под покровителство на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, годинава  по третпат се организира фестивалот на театар и краток филм „КУЛТРА“. Фестивалот започнува денес, а ќе трае до 20 април(сабота).

Според организаторите, целта на овој фестивал е создавање креативен простор за младите и независни уметници , кои  својот талент и знаење го преточуваат во нови уметнички изрази и форми на уметничка комуникација.

stip-kultura-fest (1)

На отворениот повик на организаторите на фестивалот се пријавија голем број филмови од млади автори и претстави од голем број независни театри од Македонија. По извршената селекција, своето место на сцената во „Мултимедијалниот центар “ при УГД го најдоа 27 кратки филма и 3 претстави.

Проекциите започнуваат во 19 часот и 30 минути, а концептот останува ист како и претходните години: кратки филмови, кратка пауза и театарска претстава.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ