Започна „Кавадаречка културна есен”

Од:

Во Кавадарци синоќа започна манифестацијата “Кавадаречка културна есен”. Владимир Темков, директор на Домот на културата “Иван Мазов Климе”, информира дека за време на манифестацијата ќе биде понудена богата програма од сценско уметнички настапи, театарски претстави, филмови, ликовни изложби и слично.

Градоначалникот Александар Панов, кој ја прогласи за отворена манифестацијата, нагласи дека по културното лето, со помош на проектите на Владата и на културните уметници од градот, кавадарчани и есента ќе можат да ја поминат со бројни културни збиднувања.

– Сега по завршувањето на работата на лозјата, за кавадарчани стасува времето, кога можат да ги соберат плодовите на својата духовна работа, рече тој.

Носители на збиднувањата се Домот на културата „Иван Мазов Климе„, Музеј галеријата и Библиотеката „Феткин“.

– Кавадарци се покажа културно во изминатиот период, особено кога беше Град на културата во Македонија. Јас и Советот на општината и понатаму ги поддржуваме сите културни активности , нагласи Панов. .

Стартот на Кавадаречка културна есен беше означен со отворање на Изложба на фотографии “Кокино – Мистичен шепот низ вечноста“ од авторот Љупчо Илиевски.

За Илиевски и неговото творештво говореше професор Александар Кондев.

– Ова е многу важна изложба, затоа што Кокино е значаен локалитет за Македонија, како доказ за долговечноста на цивилизацијата на ова тло, а тоа Илиевски со макотрпна работа од повеќе години успеа да го прикаже на светот преку своите фотографии, рече Кондев.

Неколку фолклорни ансамбли продефилираа низ градот и настапија на градскиот плоштад во Кавадарци. Учествуваа фолклористи од Кавадарци и Неготино, а ансамблот „Македонија“ од Скопје одржа целовечерен концерт во големата сала на Домот на културата во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски