Започна фрескосликањето на црквата „Свети Лука“ во Виница

Од:

Четворица  уметници од Србија денеска ги започнаа работите на внатрешното  уредување на храмот Свети Лука во Виница, со што  ентериерот на црквата постепено  го добива  својот духовен сјај.

Фреските се претежно донации од семејства, но се уште е отворена можноста за нови спонзорства.

– Надворешниот дел е многу добро направен, со фрески, иконостас и икони, уметници го зоографисуваат нашиот храм кој е речиси 60 проценти насликан. Средствата се од нашите верници, кои донираат за црквата, изјави Бранко Богданов, свештеник во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница.

Црка Св.Лука Виница

Градбата на храмот Св.Лука  во Виница започна 2011 година, меѓутоа осветувањето е најавено за следната 2017, а на празникот Павловден оваа година, започна и изградбата на камбанаријата.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски