Започна да излегува „СТРИП АЛМАНАХ“ од македонски стрип автори

Од:

Стрип Центарот на Македонија-Велес започна со издавање на изданието „СТРИП АЛМАНАХ“ .

Како што појасни за МИА Томе Трајков од Стрип Центарот на Македонија-Велес ова списание е испечатено со цел да го ублажи проблемот со недоволно објавување на стрипови од страна на македонски автори.

Алманахот за стрип е финансиски поддржан од страна на Министерството за култура и може да се набави во стрипарницата „БУНКЕР“ во Скопје.

Во првиот број од СТРИП АЛМАНАХОТ, специјален број од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, објавени се кратки стрипови од македонските цртачи: Ненад Станчев, Горан Мазнев, Бојана Милчевска,Милан Милиќ, Мирко Бојаџиевски, Ѓунај Абдулов,Оливер Цветковски, но присутен е и Саша Арсениќ од Србија, како и македонскиот стрип доајен Миле Топуз,којшто ја изготви насловната страница.

Сценарист на сите стрипови е Ване Трајков, воедно и извршен директор на СЦМ-Велес којшто потенцира дека целта на алманахот е континуирана работа во афирмирањето на нови лица коишто ја збогатуваат македонската стрип сцена.

– За разлика од традиционалниот „СТРИП КРЕАТОР“, кадешто се објавуваат стрипови од Интернационалниот Стрип салон во Велес, преку „СТРИП АЛМАНАХ“ сакаме да ја надополниме едногодишната празнина помеѓу две одржувања на најреномираната стрип манифестација во земјава, потенцира Ване Трајков.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он