Заев и Адеми ќе ги разгледаат жалбите за финансирањето проекти од областа на културата

Од:

Премиерот Зоран Заев најави дека на денешната средба со министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат разгледани жалбите за Годишниот конкурс за финансирање на проектите од областа на културата за 2019 година.

-Поништувањето и разгледувањето на сите незадоволни од конкурсот е нешто што го потврдивме и јас и министерот. Министерот имаше одредени здравствени проблеми, но сега е вратен. Денеска имам состанок со него за да ги разгледаме сите правно-формални аспекти за да можеме на јавноста да и ги соопштиме следните чекори. Треба да видиме дали постои одговорност и како е направена поделбата на проектите. Тоа ќе го направиме на транспарентен начин, рече Заев во одговор на прашање по презентацијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он