Заедничка изложба на Боев, Јосифова и Јованов во Кавадарци

Од:

Во ликовните салони на Музеј Галерија Кавадарци вечер ќе биде отворена заедничка изложба на тројца млади кавадарчани кои се  веќе етаблирани на македонската ликовна сцена – Горан Боев, Ива Јосифова и Трајче Јованов. Тие ќе се претстават со дела од нивните последни работни циклуси.

Горан Боев (1982) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, отсек сликарство во класата на Благоја Маневски, а магистрира под менторство на Симон Шемов. Член е на ДЛУМ и на ДЛУК. Зад него има повеќе самостојни изложби и учества на меѓународни ликовни колонии, како и на групни изложби во Македонија и странство. На изложбата се претставува со повеќе акварели инспирирани од урбаните пејсажи на Париз и Милано, каде имаше повеќемесечен студиски престој.

Ива Јосифова (1980) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, одсек сликарство со рачно правена хартија во класата на Симон Шемов. И зад неа има повеќе самостојни изложби, дел и во странство, како и учества на бројни меѓународни ликовни колонии. Член е на ДЛУМ и актуелен претседател е на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК). На изложбата се претставува со оригинално одработени теми од екологијата на рачно изработена хартија, а кои се дел од циклусот “Мирисот и душата на дрвото“ и преку нив природата ја внесува во галерискиот простор.

Трајче Јованов (1990) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности- Скопје отсек графика со модул конзерватор и реставратор во класата на Димитар Малиданов. Член е на ДЛУК, на Уметничката група “Сокол Арт“, како и ликовен координатор на активностите на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“. Учествувал на повеќе меѓународни ликовни колонии и групни изложби во Македонија. Кон крајот на оваа година се очекува неговата прва самостојна изложба. На изложбата вечер се претставува со графики и цртежи, од циклусот кој започна со неговото дипломирање во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска