„Зад кулисите“ – изложба на уметнички фотографии на Александар Томовски во МКЦ

Од:

Александар Томовски, утревечер, во 20 часот, во МКЦ ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Зад кулисите“.

Томовски (1985 година, Скопје) е софтверски инженер преку ден, фотограф и филмаџија во слободното време.

Низ годините учествува на многу престижни меѓународни натпревари и групни изложби во истакнати галерии, стекнувајки се со златни, сребрени, бронзени медали, почесни награди и дипломи. Го паметиме по успесите на филмот „Парадокс“, кој се здоби со над 15 интернационални награди.

Во септември го стекна и престижното звање: кандидат мајстор на фотографија при Националната фото унија на Македонија.

Изложбата во МКЦ ќе биде отворена до 23 октомври.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска