Youth Fest – Фестивал на Младински Совет на Амбасада на САД во Северна Македонија

Од:

Фестивал за младите Youth Fest организира денеска Младинскиот Совет на Амбасада на САД во Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

Како што соопшти Младинскиот совет на американската амбасада, целта на овој фестивал е да „се прослават приказните на младите луѓе кои не мотивираат да се стремиме кон еден подобар стандард и да се бориме за нашите идеали“.

– Идејата која сака да се искомуницира со фестивалот и е интерактивната изложба со приказни на младите луѓе во оваа држава. Нивните приказни се посочени на препреките со кои се соочуваат младите луѓе, оние од општеството и оние кои си ги поставуваме самите себе си, како и поддршката и мотивацијата на која треба да се фокусираме. Фестивалот сака да го искомуницира и одговори прашањето „Што им е важно на младите“, се наведува во соопштението.

Во рамки на фестивалот ќе свират два бенда, ќе настапат и два диџеја. додека во позадината ќе има базар со локални креативци и нивните уникатни производи. Учество ќе земе и Американското катче со нивни друштвени игри а ќе се одржи и дискусија на тема „Зошто да останеме?“ (во оваа држава).

Фестивалот е со почеток во 12 часот, а е поддржан од Амбасадата на САД во земјава.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ