„Wank for peace” настапуваат во „Кула“

Од:

Концертната изведба на францускиот мелодичен панк бенд „Wank for peace” ќе се одржи на 12 февруари, со почеток во 20 часот во културниот центар „Кула“ во Скопје. Имено, во рамки на нивната јужно-европска турнеја, музичката група ќе го промовира своето последно ел-пи издание (LP) “Fail Forward“. Со почетната концертна локација во Невер, Франција, Французите ја продолжуват својата музичка приказна во Србија, а за неколку дена ќе имате прилика да ги погледнете во скопскиот културен центар „Кула“.

За музичката група „Wank for Peace”:

Музичкиот панк-хард-кор бенд ја започнува својата кариера во 2008 година. Тие издаваат неколку и-пи изданија (EP) и два албуми од кои “What will remain“ е објавен во септември 2011 и “Fail Forward“ во октомври 2014 година. Во меѓувреме тие изведуваат околу 300 перформанси во локално и интернационално опкружување. Се опишуваат себеси како чувство, начин и промена на нештата преку процес на напуштање. Како и од секој свој настап, од оваа турнеја, тие неуморно очекуваат повеќе.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска