Вукосављевиќ: На Кирилицата и се заканува опасност од исчезнување

Од:

Српскиот министер за култура и информирање, Владан Вукосављевиќ изјави дека е потребно да се заштити Кирилицата бидејќи постои опасност од нејзино исчезнување, доколку продолжи трендот на некористење.

Според него, причините за евентуално исчезнување на српската азбука се различни: доминација на англискиот јазик, развој на индустријата за забава, интернетот, што доведува до поголема употреба на латиницата.

Тој истакна дека јазикот и азбуката се основно идентитетско прашање на една култура, не само во Србија, туку тоа важи за сите модерни држави.

– Духот на времето влијаело кирилицата да биде потисната од латиницата, што не е добро за културното наследство и идентитет. Нашиот народ беше распрснат на различни подрачја во текот на историјата, тоа беше од културолошки причини, но и окупациски мерки, нагласи српскиот министер.

Тој потсети дека латиницата првпат во поширока, официјална смисла, влегла во Србија и Белград во 1915 година за време на австроунгарската окупација.

Вукосављевиќ изјави дека српскиот јазик, за разлика од некои толкувања, нема две азбуки, туку една – кирилица, и тоа е запишано во Уставот.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија