Второ издание на УФО фестивалот во Охрид

Од:

Во организација на Центарот за културен проток „АРТерија“ од утре до недела на летната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи второто издание на УФО фестивалот.

На манифестацијата, како што информира денеска на прес-конференција директорката на ЦК „Григор Прличев“ Драгана Боцеска, ќе творат млади реномирани уметници, а сцената на просторот „Кино бавча“ ќе биде исполнета со нивни уметнички перформанси.

– Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформанси, оригами работилница, изложби на слики и уметнички фотографии, на накит и филиграни, читање поезија, прикажување филмови. Како ексклузивитет ќе биде прикажан новиот филм од Иво Трајков „90 минути Берлин-проект“ кој за прв пат се прикажува во Македонија, истакна Боцеска.

Сцената, додаде, ќе биде покриена со еден поинаков тип на уметност, каде секој може да си го најде своето место од 18 до 24 часот.

– Младите уметници ќе и дадат еден нов дух на новото време на летната сцена која сега почнува да функционира, рече Боцеска, додавајќи дека летната сцена „Кино бавча“ е приспособена да функционира со поддршка од Министерството за култура, а за целосна реконструкција и осовременување најавена е поддршка од општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска