Второ издание на на „Мојот маж“ на Румена Бужаровска

Од:

Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ го објави второто издание на збирката раскази „ Мојот маж“ од Румена Бужаровска ( прво издание – Блесок, 2014)

По тој повод на 6 мај (среда) на штандот на ИЛИ-ИЛИ на Скопскиот саем на книга од 16.30 до 19 ч. ќе се организира средба на читателите со авторката и потпишување на книгата.

image

„Одамна во домашната издавачка продукција не се појавила збирка раскази како „Мојот маж“ – компактна, сложна, единствена во различностите, со зададен и бравурозно решен „раскажувачки проблем“, заодена со совршено јасни стапалки низ песочните наноси на болката, низ натрупаната тишина на премолчуваното, мрачното делнично, не само во стварното туку и во книжевното живеење… Ова е најдобрата збирка раскази на Румена Бужаровска досега, но и една од најдобрите збирки раскази објавени во земјава последниве неколку години“, пишува Оливера Ќорвезироска

Ѓоко Здравевски за оваа книга пишува „Стравот и лагата (илузијата/заслепеноста), која нужно доаѓа во пакет со стравот, се јадрото околу кое се градени повеќето раскази. Ликовите некогаш подлажуваат, несвесни за она што доаѓа како последица на тие навидум безначајни лаги (ќути, да не разбере маж ми; ќути, да не разберат комшиите), а некогаш, богами, лажат на големо, изневеруваат, ги исмеваат зад грб своите најблиски, лицемерат. Покрај овие проблеми, се отвораат и крупни општествени проблеми, па така, се проблематизира семејното насилство, национализмот, кичот и невкусот во уметноста. Очигледно е дека критиката се однесува пред сѐ на нашето општество, затоа што во расказите има јасни маркери за простор.“

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ