„Врба“ пред домашната публика – премиера истовремено во четири градови

Од:

Шестиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски вечер ќе има македонска премиера истовремено во Скопје, Битола, Охрид и Штип. Официјалната премиера за домашната публика ќе биде во Филхармонијата од 20.30 часот, а премиери во Скопје ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ со што почнува и редовното киноприкажување на филмот.

Светската премиера беше на 19 октомври во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Рим. „Врба“ е филм е а лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната приказна се случува во 17 век, а другите две се современи. Тие се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.

Според режисерот Манчевски, секој филм создава свет и гледачот го сака филмот ако успее да влезе во него и ако тој некаде го однесе.

-Тој свет може да биде реалистичен и денешен, како што е дел од филмот, а може да биде средновековен или од друго минато време. Интересно е да откриваш колку биле различни, а исти луѓето од тоа време и колку тоа што ние го знаеме како историја е, всушност, некоја романтизирана фикција. Тоа е една од убавите придобивки во правењето ваков филм, рече Манчевски на прес-конференција по повод македонската премиера.

„Врба“ ќе има две верзии – машка и женска и на публиката ќе и бидат понудени двете (машката верзија ќе се прикажува во „Милениум“, а женската во „Синеплекс“). Но тие не се разликуваат многу и, како што рече режисерот, „Врба“ не е ни женски, ни машки филм, туку е филм за луѓе. Не откри која од двете верзии ќе биде прикажана на официјалната премиера во Филхармонијата.

Филмот е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше лани во октомври и ноември во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје. Веќе има покани за фестивали, продукцијата „Банана-филм“ е во преговори со партнери за продажба кои ќе обезбедат дистрибуција и понатамошен живот на филмот.

Во актерската екипа се: Наталија Теодосиева, Сара Климоска, Камка Тоциновски, Никола Ристовски, Ненад Нацев, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, а директор на фотографија е Тамаш Добош.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ