„Врба“ номиниран за најдобар меѓународен филм на фестивалот Рејнденс во Лондон

Од:

Филмот „Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски за најдобар режисер на претстојниот фестивал Рејнденс во Лондон – најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија.

Како што соопшти „Банана филм“, жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во осум категории, во секоја се номинирани по три филма, а „Врба“ доби номинации во две категории.

Настапот на Рејнденс, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба“, чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“ Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба“ како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата Женски поглед.

Поради пандемијата, 28-от Рејнденс годинава ќе се одржи во хибридна форма, онлајн и во живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери. На 28 октомври ќе има гала отворање со „Стардаст“ на Габриел Рејнџ за Дејвид Боуви Победата во конкуренцијата за краток филм на Рејнденс исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА.

-„Врба“, шестиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. По македонската премиера, филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност. „Врба“ беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Софија, Истанбул, Клуж-Напока, Сараево, Пекинг, соопштија од продукцијата.

Минатиот месец, како што потсетуваат, најпознатото филмско списание на светот „Варајати“ објави извонредна рецензија за „Врба“ насловена како „Врба: Суптилен, длабок портрет на мајчинството по кое се копнее, помножен со три“, во која меѓу другото се вели: „Три приказни за македонско мајчинство одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски“.

„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

„Кајмак“ на Манчевски награден на фестивал во Палермо

Уште една награда за Милчо Манчевски, овојпат во Италија

Награда за „Кајмак“ на Манчевски во Калифорнија

„Кајмак“ претставен на Сараевскиот филмски фестивал

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор