„Врба“ на пролетна фестивалска турнеја во Индија, ФЕСТ, Порто, Софија и САД

Од:

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на претстојниот филмски фестивал во Бенгалуру, Индија, кој се одржува од 26 февруари до 4 март. „Врба“ е во селекцијата со најуспешните филмови на изминатава година, меѓу кои оскаровецот „Паразит“ на Бонг Јон-Хо, „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, „Офицер и шпион“ на Роман Полански.

„Врба“, кој е најгледаниот филм во Македонија, пролетва ја продолжува фестивалската турнеја со уште четири познати европски и светски фестивали: ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија, Бугарија.

По светската премиера на „Врба“ на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци со кое ги сруши сите рекорди на гледаност, филмот беше дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј и Талин.

На престојниот 48. ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март.

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. издание на Фантаспорто во Порто (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март, „Врба“ ќе ја има и американската премиера, во натпреварувачката програма на Синеквест, еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија.

Исто така во март, „Врба“ ќе биде прикажан и на 24 фестивал во Софија, еден од најголемите во регионот (од 12 до 22 март).

Изминатиов месец „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.

Филмот месецов беше прикажан и на два домашни филмски фестивали, „Златна рамка“ и „Фестивал на современи ирански и македонски филмови“.

Би можело да ве интересира

„Кајмак“ на Манчевски награден на фестивал во Палермо

Уште една награда за Милчо Манчевски, овојпат во Италија

Награда за „Кајмак“ на Манчевски во Калифорнија

„Кајмак“ претставен на Сараевскиот филмски фестивал

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор