Врачување на Светската награда за хуманизам на Јиржи Свобода

Од:

На свеченост во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид вечер ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам за 2017 година на режисерот и сценарист Јиржи Свобода. Наградата ја доделува Охридската академија на хуманизмот чие интренационално жири едногласно одлучи годинашен лауреат да биде Свобода, кој е меѓу најголемите имиња на чешката и светската кинематографија.

– Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители св. Климент и св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, информираше Охридската академија на хуманизмот.

Најавено е на настанот вечер да се обратат Јордан Плевнеш, претседатател на Охридската академија на хуманизмот, Мирослав Рамеш, амбасадор на Република Чешка во Македонија, и градоначалнкот на Општина Охрид Никола Бакрачевски.

Од 2007 година, кога беше востановена, Светската награда за хуманизам досега им е доделена на: Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија), Рави Шанкар (Индија), Питер Брук (Велика Британија), Херта Милер (Германија), Џон Ралстон Саул (Канада), Светлин Русев (Бугарија), Вида Огњеновииќ (Србија), Дарко Гашпаровиќ (Хрватска).

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи