Врачување на наградата „Жан Моне“

Од:

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Сонила Мецо, новинар и есеист, денеска ќе ги врачат годинешните награди за новинарство, за репортерска фотографија и аматерска фотографија.

На настанот ќе се обратат Жбогар, Мецо и добитниците на наградите.

Делегацијата на Европската Унија по 14-ти пат ја доделува наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ. Од 2009, наградата исто така се доделува и за најдобра професионална фотографија, а од 2012 и за најдобра аматерска фотографија. Во изминатите 13 години, повеќе од 400 пријави се натпреварувале за наградата.

Меѓу победниците на наградата „Жан Моне“ се наоѓаат и добро познати новинари, фото репортери, како и млади автори. Оваа година, се примени 58 пријави: 14 пријави за најдобра репортерска фотографија, 7 за најдобар новинарски текст и 37 за најдобра аматерска фотографија.

Мецо е една од најистакнатите регионални телевизиски новинари и политички аналитичари, која е многу активна во печатените медиуми, со безброј написи во весници и списанија во регионот.

Таа утре во ЕУ Инфо центарот ќе одржи предавање на студентите по новинарство. Предавањето ќе биде проследено со интеракција со студентите со цел да разменат искуства и ставови за моменталните трендови во медиумската сфера во регионот.

Наградата „Жан Моне“ се состои од мали статуетки за сите добитници и парична награда од 1.000 евра за најдобар натпис, 1.000 евра за најдобра репортерска фотографија и 500 евра за најдобра аматерска фотографија.

Би можело да ве интересира

Конкурс за 59. Денови на македонска фотографија

Ана Ололовска

Граѓански Центар АктивУм објави конкурс за фотографии за старо и ново Куманово

Ана Ололовска

Фотографијата на Иван Каратанов најдобра на конкурсот на „Транзен“

Ана Ололовска

Прв меѓународен самит за фотографија и видеографија

Ана Ололовска

Доделени годинaшните награди Жан Моне

Ана Ололовска

Предавање на турскиот археолог и фотограф Туна Акчај

Ана Ололовска