Доделени годинaшните награди Жан Моне

Од:

Делегацијата на Европската Унија во Македонија синоќа ја додели годинaшната награда „Жан Моне“ во категоријата најдобар новинарски текст, најдобра професионална и најдобра аматерска фотографија.

Наградата за најдобар новинарски текст постхумно му беше доделена на Владе Ѓорчев, неодамна починатиот новинар на „Мета“. Наградата за најдобра професионална фотографија ја доби фоторепортерот Роберт Атанасовски, а за најдобра аматерска фотографија Дарко Цветановски.

Годинaшниот конкурс за наградата „Жан Моне“ беше на тема „Договорот од Пржино и потоа“.

Наградите „Жан Моне“ ги додели евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.

Наградата „Жан Моне“ Делегацијата на Европската Унија годинава ја додели по 14. пат, а се однесува на најдобрите достигнувања во известувањето за прашања кои се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ.

Оваа година, на конкурсот беа примени 58 пријави, од кои 14 за најдобра репортерска фотографија, 7 за најдобар новинарски текст и 37 за најдобра аматерска фотографија. Статуетките за наградата годинава ги изработи Елена Стефановска, студент од трета година на Факултетот за ликовни уметности, Вајарски оддел.

Во изминатите 13 години, повеќе од 400 новинари се натпреварувале за наградата, а меѓу добитниците на наградата „Жан Моне“ има познати новинари, фоторепортери, како и млади автори.

Би можело да ве интересира

Граѓански Центар АктивУм објави конкурс за фотографии за старо и ново Куманово

Ана Ололовска

Макрон кртитикуван поради контроверзна фотографија

Фотографијата на Иван Каратанов најдобра на конкурсот на „Транзен“

Ана Ололовска

Прв меѓународен самит за фотографија и видеографија

Ана Ололовска

Врачување на наградата „Жан Моне“

Ана Ололовска

Предавање на турскиот археолог и фотограф Туна Акчај

Ана Ололовска