Прв меѓународен самит за фотографија и видеографија

Од:

Во Струга денеска почнува Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија. Преку овој голем настан од едукативен и изложбен крактер, Македонија, велат организаторите, ќе се појави на мапата на светските реномирани случувања во дигиталните уметности и бизниси.

Самитот е посветен на свадбената и портрет фотографијата. Ќе се одржува во хотелот „Дрим“ и ќе трае три дена, односно до 13 април. Збогатен е и со содржини од видео продукцијата, модната, уличната и новинарската фотографија.

Учесниците ќе имаат можност да следат предавања и работилници од врвни, меѓународно признати и докажани професионалци, практичари и теоретичари. Своите совети, искуства и пристапи ќе ги споделат Грег Момент (Полска) и Дејвид Бренот (Франција) во делот на свадбената фотографија, Димитри Усанин (Русија) во делот на свадбена и семејна фотографија, Серџо Дуарте (Португалија) и Бојан Митковски (Македонија) во делот на кинематографијата, Роџер Тан (Малезија) во делот на свадбената и портрет фотографија, Ани и Дими (Македонија) во делот на портрет и модна фотографија, Томислав Георгиев (Македонија) во делот на улична фотографија и Роберт Атанасовски (Македонија) во делот на новинарска фотоографија.

Во рамки на тридневната агенда, ќе бидат презентирани најновите технолошки и дигитални производи и достигнувања, претставени од компаниите и партнерите кои ја помагаат реализацијата на Самитот: Pix+, I-Style, Wacom, Nikon, Canon,Sony, Sigma, Smart Solution, Inter Foto, Polyesterday.

Инспиративното дружење ќе заврши со натпревар по фотографија на кој учесниците ќе можат да ги пријават и изложат своите фотографии кои ќе бидат оценувани од стручно жири, составено од говорниците и презентерите на самитот.

Зад организацијата на Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија во Македонија стојат „Ангеловски Фтографија” од Македонија и „Грег Момент Фотографија” од Полска.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска