Вработените од Министерството за култура и на денешниот протест побараа покачување на платите

Од:

Склучување на колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии и денеска побараа вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, за време на протестот што се одржа пред Владата.

Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски повтори дека нивното единствено барање е да имаат достоинствени плати.

– Едноставно, не може човек а да не се праша, дали во државата во која владее правото, не треба секој подеднакво да ги ужива своите основни човекови права? Како може видлива група од 190 вработени во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм да биде толку невидлива за надлежните во државата? Зарем егзистенцијалниот проблем на 190 вработени од секторот култура е прашање за кое не може да се најде решение, рече Костовски на денешниот протест.

Тој порача дека ќе продолжат со протестирање секој ден, се до исполнување на нивното барање кое, како што рече, се сведува на добивање согласност од Министерството за финансии, со што ќе се овоможи потпишување на колективен договор и конечно ќе се реши проблемот на вработените во секторот култура.

– Едно сакаме да порачаме – отсуството на дијалог и немањето слух за вработените кои се грижат за развојот на културата, за хармонизацијата на политиките на културниот диверзитет, за културната интеграција е вовед во нешто друго. Не прифаќаме молчење и ќе бидеме тука секој ден, се до добивање согласност од Министерството за финансии, со што ќе овоможи потпишување на колективен договор и конечно ќе се дојде до решение за вработените во секторот култура, додаде Костовски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ