Восочниот музеј на ВМРО пуштен во употреба 9 месеци пред одобрението за технички преглед

Од:

Во забелешките на основната сметка на буџетотот на Министерството за култура за 2016 година, додека министерка била Елизабета Канческа Милевска, ревизорите навеле дека популарниот музеј на восочни фигури, познат популарно како Музеј на ВМРО, заедно со објектот на „Стариот театар“ се пуштени во употреба без одобрение за технички прием.

„Објектот Музеј на македонската борба е ставен во употреба на 08. 09. 2011 година, односно, девет месеци пред извршениот технички преглед“, пишува во ревизијата. Во образложението ревизорите напишале дека Комисијата за технички преглед на 22.06.2012 година изготвила извештај во кој констатира дека објектот може да се употребува по отстранување на забелешките во рок од 30 дена. Во извештајот пишува и дека делот на партерното уредување и сообраќај на подрумско ниво на Музејот не бил завршен и затоа не е предмет на технички преглед.

Објектот „Стар Театар“, бил пуштен во употреба во мај 2013 година, односно 1 година пред извршениот технички преглед.

Ревизорите напишале и дека е прифатен проектот за изградба на Универзалната сала, иако бил неколкупати поскап од првично утврдената вредност и на крајот проектот не бил реализиран. Ревизијата истакнува дека изградбата на капиталните објекти трае предолго, за нив се склучени повеќегодишни договори и не се предвидени како развоен дел од буџетот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија