На саемот на уметноста „Арт Австрија“, што од 11 до 14 април ќе се одржи во виенскиот музеј „Леополд“, ќе биде претставена австриската уметност од 19-от век до денес.
Во текот на четирите дена музејот „Леополд“ ќе се претвори во мека на колекционерите на австриската уметност.
На три нивоа и површина од 2.450 квадратни метри ќе се претстават околу 50 изложувачи, меѓу кои се и некои од најдобрите галерии во Австрија.
Музејот ќе може да се посетува по ново работно време: 11-21 часот од понеделник до четврток, 11-19 часот во петок и сабота и 11-18 часот во недела.
Заинтересираните посетители очекуваат дела од времето на југендстилот, бидермајерот и класицизмот, но и современи трудови.