Во Велешкиот театар гостуваше „Бора Станковиќ“ од Врање

Од:

На големата сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше ансамблот на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, со претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Трајче Ѓорѓиев,кој ги направи сценографијата и изборот на музиката.

Во „Три сестри“ играа Марко Петричевиќ, Милена Стошиќ, Радмила Ѓорѓевиќ, Кристина Јањиќ Стојановиќ, Жетица Дејановиќ, Александар Михајловиќ, Саша Стојановиќ, Марина Петричевиќ,…

Петричевиќ, кој ја толкуваше улогата на Андреј, братот на трите сестри, рече дека е презадоволен од рекацијата на велешката публика.

– Ме радува што на оваа сцена игравме дело од руски класик како што е Чехов, бидејќи, на кој било јазик да се игра оваа претстава, тука се јасни емоциите и тоа публиката знае да го препознае. Навистина уживав на оваа прекрасна сцена и по реакциите на публиката видов дека и се допадна претставата, изјави Петричевиќ.

И актерката и уметнички директор на театарот од Врање, Радмила Коцевска Ѓорѓевиќ која настапи во улогата на сестрата Оља, изрази задоволство од настапот пред велешката публика. Посебно, рече, е воодушевена што по подолго време игра на вистинска и најмодерна сцена која многу и се допаѓа.

– Јас сум Македонка по татко и многу сум среќна што настапувам во Велес. Посебно сум среќна што настапивме на ваква најмодерна театарска сцена бидејќи нашиот театар во Врање во голем пожар во 2012 година изгоре до темел и ние во овие четири изминати години сме оставени да се снаоѓаме и играме на мала импровизирана сцена во Домот на војската. Поради тоа, секој настап на вистинска сцена за нашиот театарски ансамбл е вистински празник. Кога влегов во вашиот велешки театар се воодушевив и се сетив дека нацртот за изградба на нов театар во Врање е сличен на овој во Велес. Се надевам дека во најскоро време и ние во Врање ќе добиеме нов модерен театар, потенцира Коцевска Ѓорѓевиќ.

„Три сестри“, по Велес, вечер ќе биде изведена и на сцената на Драмскиот театар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он